[ФОТО] Прва фотографија на Алон Охел – српскиот државјанин ослободен од Газа пристигна во Израел по две години заробеништво

Точка

13/10/2025

11:17

469

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави првата фотографија на српскиот државјанин Алон Охел, откако беше ослободен од заробеништво од страна на „Хамас“.

Според израелските медиуми, фотографијата е направена веднаш по неговото пристигнување во Израел, каде што ослободените заложници, меѓу кои и Алон, ја преминале границата и поминале низ медицински прегледи.

Потоа, тие ќе бидат повторно обединети со своите семејства.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу седумтемина заложници ослободени во изминатите денови е и 24-годишниот Алон Охел, млад Израелец и државјанин на Србија, кој бил киднапиран на 7 октомври 2023 година за време на нападот на „Хамас“ на музичкиот фестивал „Nova“.

На официјалниот профил на Министерството на платформата „X“ беше објавена порака:

„Добредојде дома, Алон Охел“, со опис на тешките повреди и бруталните услови во кои бил држан.

„Бил окован во тунели и не добивал медицинска помош“

Во соопштението се наведува:

„Алон (24) беше киднапиран на 7 октомври 2023 година од засолниште на фестивалот ’Nova‘. Претрпе тешки повреди, го изгуби видот на едното око, а видот на другото е сериозно оштетен.

Ослободените заложници потврдија дека бил држен во тунели, окован и без медицинска нега.“

Министерството го опишува Алон Охел како талентиран пијанист, кој пред киднапирањето планирал да студира џез во Тел Авив.