Андоновска: Обвинителството да истражи дали дискотеката „Пулс“ ја платила казната од 40.000 евра и каква е улогата на Оливер Спасовски во тоа

Макфакс

13/10/2025

13:41

170

Големина на фонт

а а а

Љупчо Коцевски и јавното обвинителство да истражат дали газдата на дискотеката „Пулс“ ја платил казната од 40.000 евра за која неговиот син во телефонска кореспонденција вели дека Оливер Спасовски како министер на МВР ќе ургира да не ја платат, бара Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку дискотеката Пулс не ја платила казната, тогаш Оливер Спасовски под итно треба да биде повикан од ЈО и да се истражи целиот случај. Љупчо Коцевски и ЈО предолг период молчат и го држат случајот во магла. Одговорност мора да има за секој еден кој бил замешан во случајот со работењето на дискотеката Пулс, а не долг и неефективен процес кој ќе резултира со пародија на системот. Ако Љупчо Коцевски има за цел да ги заштити високите претставници на СДС како тогашна власт и да ја унакази правдата, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Секој поединечен сомнеж мора да биде истражен и обелоденет. Одговорност мора да има“, рече Андоновска.