Македонската фудбалска репрезентација успеа да ги издржи нападите на белгиските репрезентативци во Гент и се враќа со голем бод од ова гостување во квалификациите за СП 2026.
Нашата репрезентација останува на врвот на табелата во групата, а голманот Столе Димитриевски кој имаше одличен настап, ја издвои компактната дефанзивна поставеност како клуч за позитивниот резултат во дуелот со „црвените ѓаволи“.
– Ова беше тежок натпревар на гостински терен, Белгија играше одлично во нападот, но мислам дека ние одигравме перфектен натпревар во однос на дефанзивните задачи.
– Ни недостасуваше малку повеќе да нападнеме, да одиме по резултат, но тешко е да излезеш од прва во трета зона, затоа што противникот постојано притискаше, – истакна Димитриевски.
Македонија веќе на 13. октомври го игра следниот натпревар и тоа против Казахстан на домашен терен.