Белгија не ја искористи доминацијата на теренот за да постигне гол и да дојде до посакувана победа во дуелот со Македонија, па избраниците на Руди Гарсија разочарани го напуштија стадионот во Гент.
Жереми Доку беше еден од најопасните белгиски репрезентативци во вчерашното реми без голови против нашата селекција, а по средбата истакнал дека и самиот е виновен што не искористил некоја од своите шанси за да го скрши отпорот на македонската дефанзива.
– Постои сериозна фрустрација бидејќи не профитиравме од создадените шанси.
– Некој ќе каже дека ни недостасуваше класичен напаѓач, но тоа е одлука на селекторот. Јас гледам само за мојот дел, па ако искористев некоја од шансите, ќе водевме најмалку со 2:0 и крај на приказната. Сега сме под поголем притисок, но со овој квалитет би требало да можеме да го победиме Велс.
– До крај мислев дека ќе погодиме, но не се случи такво нешто. Мислам дека ни недостасуваше самодоверба. Тие беа посилни во овој елемент, дојдоа по бод и сега ќе бидат среќни, – истакнала ѕвездата на Манчестер Сити.