Октомври месец ни ја носи првата Ел Класико битка за оваа сезона, пресметката меѓу Реал Мадрид и Барселона која ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
До 26 октомври има уште време, но деновите брзо менуваат особено кога се сцената ќе се врати клупскиот фудбал. Шпанското дерби секогаш носи интересни дуели на теренот и ќе биде занимливо да се види како новиот Реал предводен од Чаби Алонсо ќе и се спротистави на четата на Флик која и тоа како имаше одговор за „кралевите“ во натпреварувачката 2025/2026.
Ако нема некој проблеми, повреди, тогаш сигурно ќе видиме битки на теренот меѓу Пау Кубарси со Килијан Мбапе и Џуд Белингам. Дефанзивецот доби прашање во однос на тоа кој е поопасен, потежок за чување и Пау го издвои Французинот.
-И двајцата се тешки, бидејќи Мбапе е многу подвижен, добро напаѓа простори и е многу брз. Не го очекувате Белингам бидејќи доаѓа од длабочината, од втората линија. Но, мислам дека Мбапе, бидејќи е брз, завршува со првиот допир и може да постигне гол, -вели младиот стопер.