[ФОТО] Вртоглава сума на пари за моќното издание на Меган Маркл: Ефектен стајлинг со кој војвотката одржа модна лекцина

Точка

11/10/2025

14:00

830

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл заедно со сопругот Хари го добила признанието „Хуманитарци на годината“, на настанот „Project Healthy Minds“.

На оваа свеченост Маркл се појавила облечена во костум на „Армани“ и го воодушевила Њујорк.

По неодамнешното појавување на модната недела во Париз каде презентирала веќе препознатлив монохроматски стајлинг, Меган Маркл продолжува да го диктира одличниот стил и во Њујорк.

Имено, таа со сопругот Хари се појавила на третата годишна гала-вечера „Project Healthy Minds“ и воодушевила со своето модно издание.

Војводата и војвотката од Сасекс биле прогласени за хуманитарци на годината за работа во нивната фондација „Archewell“ која се обидува дигиталниот свет да го направи побезбеден за младите.

На овој настан се појавиле модно усогласени и се обиделе да ги добијат сите симпатии од присутните.

Принцот носел класичен црн костум којшто го искомбинирал со бела кошула и црвена вратоврска, а вистинска ѕвезда на вечерта била неговата сопруга која со стајлингот апсолутно ги освоила сите.

Војвотката од Сасекс се појавила во минималистички костум од Џорџо Армани.

Горниот дел бил составен од сако со В изрез којшто претставува вистинско елегантно парче кое ја нагласува женската силуета.

Долниот дел бил составен од елегантни и префинети „палацо“ панталони направени од чиста свила.

Овој костум е олицетворение на моќта, а неговата цена изнесува 5.500 фунти.

Комбинацијата ја заокружила со чанта од истиот бренд која чини 1.250 фунти, како и чевли од истиот бренд со вредност од 650 фунти.