Скромноста е доблест — но во некои случаи може драстично да го промени животот.
Токму тоа ѝ се случило на 65-годишната Каи, која решила да се пензионира на 65 години, иако нејзината финансиска состојба била далеку од идеална. Одлуката барала сериозни компромиси — па така, на крајот буквално завршила да живее во автомобил.
Сè што поседува денес е малечок „Smart ForTwo“ од 2006 година, кој ѝ станал дом.
Минијатурен автомобил, голем дух
Малиот "Smart" одамна се покажал како одлично градско возило, а некои похрабри возачи со добри грбови го користат и за подолги патувања.
Да, "Smart" е исклучително сестран автомобил, но ваков вид употреба — како дом — веројатно никогаш не им паднал на ум на неговите конструктори.
Интересно е што Каи не направила никакви модификации со камперска опрема.
Веќе 14 месеци спие на два воздушни душеци поставени преку совозачкото седиште.
Бидејќи станува збор за мошне краток автомобил, нејзината глава буквално е прилепена до шофершајбната.
Живот на минимум
За останатото, нема многу простор.
Во видеото, Каи открива како ги извршува основните потреби без вистински тоалет.
За бања и туш може само да сонува, а наместо кујна има минимално место за складирање во и онака малиот багажник.
Во автомобилот има малку облека, неколку резервни делови и сад за вода од 10 литри.
Оптимизам во тесен простор
И покрај сè, Каи делува исклучително задоволна со она што го има и со насмевка гледа кон иднината.
Кога ќе наполни 70 години, нејзините примања ќе се зголемат, па се надева дека ќе може да си дозволи подобри услови.
Се надеваме само дека нејзиниот „Smart“ ќе издржи уште неколку години,
и дека кога ќе дојде време за избор на нов „дом“,
Каи ќе избере нешто малку поголемо — но со исто толку големо срце.