Нетанјаху го критикуваше Нобеловиот комитет оти не му ја додели наградата на Трамп

Макфакс

10/10/2025

20:06

178

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше на одлуката на Комитетот за Нобелова награда да не му ја додели овогодишната награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.

Наградата наместо тоа ѝ припадна на лидерката на венецуелската опозиција и застапничка за демократија, Марија Корина Мачадо.

„Нобеловиот комитет зборува за мир, претседателот Доналд Трамп го овозможува тоа“, се вели на официјалниот профил на израелскиот премиер на платформата Икс.

„Фактите зборуваат сами за себе, претседателот Трамп го заслужува тоа“, се додава во објавата.

Реакцијата доаѓа еден ден откако истиот профил сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на социјалните мрежи на која Нетанјаху му ја доделува Нобеловата награда за мир на Трамп.