[ВИДЕО] Европа се подготвува за хаос: „Опасноста е огромна“

Макфакс

10/10/2025

12:44

2.922

Големина на фонт

а а а

Бурата „Алис“ може да предизвика сериозен хаос во Западна Европа, па затоа највисоко ниво на опасност е издадено за шпанската Коста Бланка.

Целиот регион е во состојба на висока тревога поради обилни врнежи од дожд.

Шпанската метеоролошка агенција AEMET вчера издаде црвено предупредување поради обилни врнежи од дожд во туристичкиот центар Аликанте, во регионот Валенсија.

Истото ова подрачје претрпе катастрофални поплави во октомври минатата година, во кои дури 220 луѓе ги загубија животите.

„Огромна опасност. Можни се поплави и поројни бранови. Следете ги упатствата на цивилната заштита“, објави агенцијата AEMET на X.

Бурата започнува денес во 10 часот и ќе трае до понеделник.

Метеоролозите изјавија дека вкупната количина на врнежи може да надмине 140 милиметри во период од 12 часа, особено во Валенсија.

Се очекува бурата да ги погоди и другите медитерански крајбрежни региони, вклучувајќи ја соседната покраина Мурсија и Балеарските Острови.

Според предупредувањата, обилните дождови треба да започнат околу 10 часот наутро денес и да траат до понеделник.

„Поројните дождови можат да предизвикаат локални поплави во рамничарските области, потоци и клисури, па затоа нивото на потенцијална опасност е многу високо“, се додава во соопштението.

Службите за итни случаи се во состојба на готовност и на островот Ибица, каде што е на сила портокалово предупредување поради дожд и бури, објавува „Дејли меил“.

Минатиот месец овој регион во Шпанија беше погоден и од обилни поплави.

Минатогодишната катастрофа предизвика протести од населението, кои ги обвинија локалните власти дека не издале навремени предупредувања.

Во текот на минатиот месец, овој шпански регион повторно беше погоден од обилни дождови, поради што многу училишта и универзитети беа затворени, а имаше и прекин на железничкиот и патниот сообраќај, како и локални поплави.