[ФОТО/ВИДЕО] „Мал, но без сомнеж моќен“: Овој град е прогласен за најдобар за посета во Европа за 2025 година

Точка

10/10/2025

09:33

940

Големина на фонт

а а а

Според „CondeNast Traveller“, најдобриот град за посета во Европа 2025 година е всушност оној за којшто можеби претходно не сте размислувале – главниот град на Малта, Валета.

Секоја година „Conde Nast Traveller“ ги повикува своите читатели да гласаат за најдоброто место кое го посетиле, собирајќи одговори и прeсметувајќи ја вкупната оцена со задоволство која во суштина е само процент од испитаниците кои добро поминале на одредена дестинација.

Во своите анкети овој магазин вклучил 500.000 луѓе, што значи дека високата оцена на некое место морала да биде навистина веродостојна.

На првото место, со неверојатни 97,3 отсто од испитаниците се нашла Валета. Најпозната по својата архитектура и топла клима, Валета нуди добра, потценета алтернатива за разлика од другите медитерански дестинации.


Магазинот ја опишал престолнината на Малта како: „Mала, но без сомнеж моќна“.

„Тесните улички се протегаа преку центарот, со тиркизното море кое ѕирка од двете страни, а внимателните луѓе овие сцени можат да ги најдат во „Гладијатор“ и „Игра на тронови“, пишува магазинот.

Осло се нашол на второто место, заостанувајќи само неколку поени, со резултат од 94,4. Ова е прва година Осло воопшто да се најде на анкетите.


„Експерименталниот дизајн е остро спротивставен со густите шуми и светкавата вода со фјордови“.

Трета на листата е Виена којашто минатата година исто така освоила бронзен медал.