Фон дер Лајен: ЕУ мора да одговори на хибридната војна

Макфакс

08/10/2025

10:34

137

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди во Европскиот парламент дека Европа мора да одговори на хибридните закани, вклучувајќи ги неодамнешните инциденти со беспилотни летала и повреди на воздушниот простор, со мерки што одат подалеку од традиционалната одбрана.

„Ова не е случајно вознемирување. Тоа е кохерентна и ескалирачка кампања насочена кон вознемирување на нашите граѓани, тестирање на нашата решителност, поделба на Унијата и ослабување на поддршката за Украина. Време е да ја наречеме со нејзиното вистинско име: хибридна војна“, рече Фон дер Лајен во Европскиот парламент во Стразбур.

Таа не ја обвини директно Русија за сите инциденти, но нагласи дека целта на Москва може да биде да „сее поделби“ во Европа.

Фон дер Лајен рече дека на руските закани треба да се спротивстави со единство, одвраќање и решителност.