Урнебесно видео од Хрватка како „лови“ букет на свадба стана вирално на социјалните мрежи

Точка

07/10/2025

14:46

968

Големина на фонт

а а а

Традиција е невестата на свадбата да го фрли својот букет, а девојката што ќе го фати се смета дека е следна на ред за мажење. Но, една девојка решила да ги земе работите во свои раце.

Таа букетот одлучила да го фаќа со мрежа за риболов, која била поголема дури и од неа самата. Видеото стана вирално на ТикТок.

Го фатила со помош на друга девојка

Иако стоела во прв ред со огромната мрежа, букетот сепак завршил во рацете на девојка која стоела покрај неа – но таа на крајот ѝ го ставила во мрежата.


„POV: Кога цврсто ќе одлучиш дека наредната година е твоја година“, стои во описот на објавата.

На крајот, невестата ги прегрнала двете девојки кои, со заеднички сили и „тимска работа“, се погрижија букетот да заврши во мрежата.

Видеото од свадбата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.