Милиони луѓе и понатаму ги користат овие лозинки: На хакерите им се потребни само секунди за да ги откријат

Точка

24/11/2026

14:31

264

Големина на фонт

а а а

Иако со години се предупредува на важноста од заштитата на личните податоци на интернет, милиони корисници и понатаму користат исклучително едноставни лозинки што лесно можат да се погодат. Според истражување на компанијата „NordPass“, навиките на корисниците не се промениле значително ниту во последните осум години, па меѓу најчесто користените лозинки и понатаму доминираат комбинации како „admin“, „password“, „qwerty“ и различни верзии на низата „12345“.

Податоците покажуваат дека корисниците низ светот често избираат едноставни комбинации што лесно се паметат, но истовремено претставуваат сериозен безбедносен ризик. Ваквите лозинки се особено привлечни за напаѓачите бидејќи можат брзо да се откријат со автоматизирани алатки, а развојот на вештачката интелигенција дополнително ги олеснува анализата и пронаоѓањето слаби комбинации.

Според податоците што ги пренесе „TRT Balkan“, во дури 44 земји меѓу најзастапените лозинки се наоѓаат токму едноставни зборови и бројчани низи. Тоа покажува дека голем број луѓе и понатаму ги занемаруваат основните мерки за заштита на своите сметки, и покрај сè поголемиот број интернет-измами и хакерски напади.


Експертите за дигитална безбедност советуваат користење долги и единствени лозинки за секоја корисничка сметка, како и вклучување двофакторска автентикација секогаш кога тоа е можно. Особено се препорачува користење менаџери за лозинки, кои овозможуваат безбедно чување сложени комбинации без потреба корисниците да ги паметат.


Едноставната лозинка можеби заштедува неколку секунди при најавувањето, но може да претставува сериозен ризик за приватноста, личните податоци и финансиската безбедност.