[ФОТО] Необична глетка на небото: Ноемвриската супермесечина во полн сјај, ќе изгледа поголема и посјајна од вообичаено

Точка

24/11/2026

15:56

216

Големина на фонт

а а а

На небото ќе се појави супермесечина, која се нарекува и „Месечина на дабарот“, по животното што во овој период од годината почнува да се засолнува од зимата.

Тоа воедно е и периодот од годината кога трговците со крзно во Северна Америка ловеле дабари поради нивното зимско крзно, пишува „USA Today“.

Според податоците на „NASA“, супермесечина се појавува кога полната Месечина се наоѓа во точката најблиску до Земјата во текот на месецот. Оваа точка се нарекува „перигеј“ и прави Месечината да изгледа околу 30 отсто посјајна и до 14 отсто поголема од вообичаено.


Според „NASA“, ноемвриската полна Месечина ќе биде прва во низата од четири супермесечини што ќе се појават кон крајот на 2026 и почетокот на 2027 година.

Според публикацијата „Farmers‘ Almanac“, полната Месечина ќе го достигне својот врв во вторник, на 24 ноември, во 9:53 часот наутро по источноамериканско време, односно во 15:53 часот по наше, средноевропско време.


Оваа супермесечина се смета за една од најголемите и најсјајните полни месечини во 2026 година, односно ќе изгледа нешто поголема и посјајна од просечната полна Месечина.

Следните супермесечини ќе се појават на 24 декември, 22 јануари и 20 февруари.


Секоја носи име поврзано со фолклорот на домородните американски племиња, како и со традицијата на колонијалните доселеници и Европејците.