[ВИДЕО] 30 години по првиот настап на Џиџи: Синот на Буфон дебитираше во Серија А

Дерби

06/10/2025

16:46

1.064

Големина на фонт

а а а

30 години по незаборавното деби кое го имаше во Серија А, Џанлуиџи Буфон доживеа уште еден специјален момент во својот живот, а тоа е дебито на неговиот тим во најсилното фудбалско друштво на Апенините.

Луис Томас Буфон веќе дебитираше за првиот тим на Пиза во Купот, но изминатиов викенд ја дочека и својата прва шанса во Серија А.

Натпрварот против Болоња донесе историја и покрај тешкиот пораз на Пиза со резултат 4:0, бидејќи влегувањето во игра на Луис Томас значеше продолжување на наследството кое го остава семејството Буфон во италијанскиот фудбал.

Три децении по дебито на неговиот татко во дресот на Парма (15-ти декември 1995-та година), талентираниот фудбалер ги дочека своите први минути во италијанското Калчо, па со тоа стартуваше една убава авантура која се надева дека ќе потрае и во иднина.

За разлика од неговиот татко, Луис Томас игра како офанзивен фудбалер, или поточно како крилен напаѓач во тимот на Пиза.