[ВИДЕО] Пцовките на Ѓоковиќ одекнуваа во салата во Шангај, коментаторот порача: „Не смеам да го повторам ова“

Точка

06/10/2025

08:30

15.926

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај.

Тој во три сета го совлада Германецот Јаник Ханфман со резултат 2:1. По сетови, резултатот беше 4:6, 7:5, 6:3.

Дека не беше лесно за српскиот тенисер – тоа е сигурно, а како и обично, Ѓоковиќ имаше и неколку испади на бес.

Во еден момент жестоко и гласно пцуеше, а коментаторот рече:

„Ако случајно не слушнавте, веројатно можевте да прочитате од усни – сакате ли да ви повторам што кажа? Можеби вие и би сакале, но јас не смеам“.

Видеото можете да го погледнете тука.