[ВИДЕО] „Ова е само наше Скопје“ во нова верзија: 2Бона, Пајак и Владо Јаневски ја препеаја легендарната песна

Точка

05/10/2025

13:03

1.309

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите песни посветени на Скопје, а воедно и на пејачот Владо Јаневски неодамна доби современа преработка.

На Јаневски овојпат му се придружија 2Бона и Пајак, со кои тој ја препеа легендарната „Ова е само наше Скопје“, внесувајќи свеж и модерен звук во ова безвременско дело.

„Култна песна со нов звук и нова енергија, секоја чест“, „Нешто предобро“, „Наше, а светско“, се дел од коментарите под видеото објавено на Јутјуб.