Разрешен е судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети кој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, бегалецот Артан Груби пред неколку месеци завршија на „Црната листа“ на САД поради прикривање и забошотување на предметите во кои беше обвинет поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Според Стејт департментот, судијата примал мито и бил вмешан во значителна корупција, поради што му е изречена забрана за влез во САД.