Пари Сен Жермен ја доби Барселона со 2-1 во дербито на колото во елитната Лига на шампионите.
Домаќините први го отворија резуултатот, но потоа дозволија гостите да се вратат, а потоа и во 90 минута да примат гол кој не се прима на вакви големи натпревари за прв сезонски пораз.
Овој резултат има значање за „светците“ затоа што беше остварен без неколку играчи, но во исто време беше искористена оваа ситуација дел од играчите на ПСЖ да поздрават некои од таборот на Барселона како Ламин Јамал и Педри.
-Ние сме европски шампиони, не можам да кажам повеќе од тоа. Ако си најдобар, мора да го покажеш тоа на теренот, а не да зборуваш, -истакна Гонсало Рамош.
-Понекогаш се случува. Честопати се даваат изјави пред натпреварите, а може да се случи и тоа. Не ни е гајле. Не ни е гајле, само сакаме да го играме натпреварот, победивме и сме среќни поради тоа, -порача пак Витиња.