Србија важеше за топ фаворит за златото на Европското кошаркарско првенство, но на крајот нашиот северен сосед остана без никаков медал.
Србите во групната фаза го загубија капитенот Богдан Богдановиќ и тоа дефинитивно се почувствува во играта, меѓутоа без разлика на неговото отсуство никој не очекуваше дека избраниците на Пешиќ ќе бидат елиминирани од Финска.
Богдановиќ сега веќе се фокусира на предизвиците кои следат во новата сезона во НБА лигата, ама даде и коментар за испуштената шанса на ЕП.
-Сè уште верувам дека ако останев таму и бев здрав – ќе имавме одлична шанса да освоиме злато. Но, тоа е тоа што е. Готово е. Сега сум целосно фокусиран на ова.
-На почетокот ме исплаши, како и сите други. Но, никогаш не се знае со делумно кинење. Потребни се 4-6 недели за закрепнување На пет сум. Сега се чувствувам добро. Работам со момците. Се обидувам да трчам покрај нив, да ги правам сите вежби и да играм, -истакна членот на ЛА Клиперс.