[ВИДЕО] Остана во неверица: Реакцијата на Леао откако го виде последниот вонсериски дриблинг на Јамал

Дерби

01/10/2025

15:04

1.830

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал мораше да одмори две недели поради повреда која ја заработи со шпанската фудбалска репрезентација, но талентираниот фудбалер се врати на натпреварот против Реал Сосиедад и веднаш направи разлика на теренот.

Јамал режираше асистенција за победа со првиот допир со топката и уште еднаш покажа колку е важен и влијателен за играта на Барселона, но покрај клучното додавање, Ламин изведе уште неколку атрактивни потези, кои ги кренаа на нозе сите присутни на трибината.

Убедливо најатрактивен беше еден негов еластико дрибилинг кој заврши низ нозете на противнички фудбалер, а сега со истиот се запозна и Рафаел Леао.

Ѕвездата на Милан често знае да има вклучувањата на „Твич“ и да комуницира со своите следбеници, па сега доби препорака да ја види последната магија на Јамал.

Леао остана во неверица од потегот на 18-годишниот фудбалер, па дури и се обрати со вулгарен речник во обид да ја долови мајсторијата….