Нов ден, нова повреда: Барселона остана без клучен играч за „Ел Класико“

Дерби

14/10/2025

14:27

427

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот шампион Барселона доби уште една лоша вест кога е во прашање играчкиот кадар или слободно може да се каже дека секој ден носи нова повреда и нова главоболка за тренерот Ханси Флик.

Каталонците уште неко време нема да можат да сметаат на голманите Жоан Гарсија и Марк Андре Тер Штеген, Дани Олмо ќе биде аут неколку седмици, Гави ќе се врати дури во 2026 година, а во фаза на закрепкување се Фермин Лопез, Рафиња и Ламин Јамал, а одреден проблем со мусклуот пријави и Феран Торес, проблем поради кој од шпанската репрезентација беше вратен назад во клубот.

Во болницата сега е додадено уште големо име и тоа ветеранот Роберт Левандовски кој пред два дена одигра 90 минути за Полска против Литванија во квалификациите за Светското првенство. Роберт го скинал мускулот на левата нога и иако Барса не прецизиреше колку време ќе трае закрепнувањето, овие повреди бараат пауза од три до шест недели што значи дека Полјакот дефинитивно отпаѓа од комбинација за дербито со Реал Мадрид закажано за 26 октомври.

Инаку Барса до новата репрезентативна пауза во ноември има дуели со Џирона, Олимпијакос, Реал, Елче, Бриж и Селта Виго.