Мирисот на есен во вашиот дом: Пробајте го рецептот за најмеките ролни со цимет

Точка

01/10/2025

14:43

2.456

Големина на фонт

а а а

Како деновите стануваат пократки, а времето посвежо, многу луѓе бараат топли и мирисни десерти. Еден од нив се цимет ролничките – нежни, мирисни и совршени со шолја топол пијалок.

Кај овој рецепт најважна е подготовката на тестото. Затоа, мора да додавате брашно внимателно.

Состојки за тесто:

• 700 грама брашно;

• 100 грама шеќер + две лажици шеќер;

• 130 милилитри вода;

• една лажичка сол;

• 10 грама квасец;


• 450 милилитри топло млеко;

• два јајца;

• 50 грама путер.

Состојки за фил:

• Цимет;

• неколку лажици млеко;

• шеќер.

Состојки за бела глазура:

• млеко;

• 120 грама шеќер во прав.

Подготовка:


Најпрво, загрејте вода, па додадете две лажици шеќер и квасец. Измешајте и оставете да се активира (да се создадат меурчиња). Од останатите состојки замесете тесто, но постепено додавајте брашно за да остане меко тестото. Потоа покријте го тестото и оставете го да се дуплира (да се зголеми двојно).

Кога тестото ќе стаса доволно, поделете го на два еднакви дела. Расукајте една кора, па премачкајте ја со малку млеко и посипете ја со желената количина шеќер и цимет. Повторете го истиот процес и со вториот дел од тестото.

Завиткајте ги двата дела тесто во ролни и со конец исечете ги на еднакви парчиња. Наредете ги ролничките во плех, но така што нема да се допираат. Оставете ги да стасаат уште еднаш, па печете ги во рерна на температура меѓу 180 и 200 степени додека не добијат златна боја.


Кога ќе бидат готови, кратко оладете ги, па премачкајте ги со глазура од шеќер во прав и млеко. Глазурата треба да биде густа, па постепено додавајте млеко.