Доктор открил неочекувана причина за мозочен удар: 90 отсто од луѓето го прават ова навечер, навика која навистина може да биде кобна

Точка

14/10/2025

11:25

1.822

Големина на фонт

а а а

Мозочниот удар, познат и како шлог, е акутна состојба која настанува како последица на прекин на дотокот на крв во мозокот, што доведува до оштетување на мозочните клетки и губење на мозочните функции.

Може да биде предизвикан од исхемија (затнување на крвен сад) или крвавење (прскање на крвен сад).

Симптомите се ненадејни и вклучуваат слабост или трнење на една страна од телото, проблем со говорот, видот, рамнотежата и силна главоболка.

Оваа итна медицинска состојба бара брза интервенција, а често е предизвикана од „запоставен“ начин на живот.


Меѓутоа, една терапевтка чиј пациент доживеат мозочен удар открила неверојатна причина поради што дошло до тоа.

Имено, нејзиниот пациент бил „совршен“: вежбал, пиел вода, внесувал витамини, не консумирал многу шеќер. Сепак, еден ден паднал во кујната, дијагноза – мозочен удар.

Докторите не можеле да веруваат: „Неговите резултати изгледаат како кај тинејџер“.

Сепак, дури подоцна откриле една навика: секоја вечер тој седел во тишина и премногу размислувал.

Не само размислувањето туку и бескрајното преиспитување – повторување ситуации, преживување конфликти, обвинување себеси, замислување што требало да каже... Тој го имал тој ритуал на постојано самоиспитување.

Лежел во кревет и внатрешното искушение започнувало.

Оваа состојба се нарекува симпатичка хипервозбуденост, дури и во текот на ноќта телото останува во состојба на висока подготвеност. Крвниот притисок се зголемува и се намалува. Микроспазмите се таложат. Срцето работи на празен тек. Спиете... Но, вашето тело вреска. И еден ден, крвните садови едноставно откажуваат.


Тој не знаел дека мозокот не се само мислите. Тоа е биоелектричен систем, а опсесивното размислување го преоптоварува повеќе од шеќерот или брзата храна.

Сега овој пациент оди бавно, неговиот говор сѐ уште не закрепнал целосно, но најважно – си забранил себеси да влегува во опсесивно размислување.

Сега разговара со пријателите, со терапевтите и пишува дневник затоа што сѐ што е внатре во вас, мора да излезе на површина, во спротивно ќе го изеде вашиот живот однатре.