Имала само една желба за својата венчавка: Кога ја здогледала својата неподвижна баба, сите гости се расплакале

Точка

01/10/2025

17:34

947

Големина на фонт

а а а

На ден кој засекогаш ќе остане во сеќавањето, баба Ерна (84) успеала да ја исполни најголемата желба на својата внука Даниела – да биде покрај неа додека го изговара судбоносното „да“.

Иако веќе една и пол година е неподвижна и живее во дом за стари лица, благодарение на волонтери, Ерна успеала да биде дел од еден од најважните моменти во животот на нејзиното семејство.

По несреќата мислела дека никогаш повеќе нема да стане од кревет

Баба Ерна, од австрискиот округ Штаер-Ланд, останала прикована за кревет по сериозна несреќа, што значело крај за сите нејзини излегувања и активности. Но нејзината внука, која секојдневно се грижела за неа, имала само една желба – нејзината сакана баба да биде присутна на венчавката.

„Баба мора да биде тука на мојата венчавка“, говорела Даниела, и благодарение на несебичноста на хуманитарното здружение „Rollende Engel“, таа желба станала реалност.

Специјално возило и многу емоции

На самиот ден на венчавката, волонтерите Ања, Симеон и Флориан пристигнале за да ја превезат Ерна до свеченоста. Возилото било специјално опремено за медицински потреби, а бабата веднаш почувствувала олеснување.

Бидејќи матичната служба била непристапна за инвалидски колички, Даниела во последен момент, со помош од пријателите, организирала венчавката да се одржи во свечено уредената противпожарна станица. Пожарникарите го подготвиле просторот и ги пречекале гостите – меѓу нив и Ерна, која била пречекана со аплауз и солзи радосници од присутните.

Кога невестата зачекорила во просторијата во прекрасен бел фустан, баба Ерна седела меѓу гостите, бришејќи солзи и со гордост гледајќи ја својата внука.


Судбоносното „да“ со бабина насмевка

Најемотивниот момент бил кога Даниела го изговорила своето „да“, додека баба ѝ ѝ возвратила со насмевка полна со љубов и гордост. По церемонијата, семејството се собрало за заеднички фотографии – за првпат по повеќе од една година, Ерна славела опкружена со најблиските. Уморна, но исполнета и среќна, истата вечер се вратила во домот со помош на волонтерите од тимот на „Rollende Engel“.

Благодарност која допира до срцето

При разделбата, баба Ерна упатила зборови кои ги трогнале сите присутни:

„Ви благодарам, ангели, што ми приредивте толку прекрасен ден. До вчера не знаев што да очекувам. Но вие сте навистина неверојатни и не морав за ништо да се грижам“.