Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Макфакс

30/09/2025

10:12

119

Големина на фонт

а а а

Во изминатиот мандат успеавме да изградиме осум нови спортски терени, дел на вештачка трева, и дел на најсовремена тартан подлога, а во моментот градиме уште два – едниот на Полјана во Хром и вториот на ул.„Шидска“, изјави градоначаланикот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој се кандидира за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во новата програма се обврзуваме на дополнителни работи во делот на спортската инфраструктура, изградба на три нови современи спортски комплекси – во Стопански Двор, во Волково-Пржина и во месноста викана Полјана во Кучково каде што Ѓорче Петров ќе ја добие и првата арена на спортовите. Дополнително, се обврзуваме да инвестираме во изградба на нова спортска сала за учениците од ООУ „Јоаким Крчоски“-подрачното во с.Никиштане, да извршиме реконструкција и да прераснат во спортски центри дворовите на ООУ „Тихомир Милошевски“, и ООУ „Ѓорче Петров“. Ќе поддржиме и ќе ја зголемиме поддршката за индивидуалните спортисти и за колективните спортови. Свесни сме и работиме на тоа да во Ѓорче Петров секој еден има услови да се развива и да се гради низ спортот. Ќе продолжиме со поддршка на општинскиот училишен спорт и на лигите, ќе продолжиме со поддршка на традиционалните турнири во Ѓорче Петров. Спортот е здравје, спортот е начин на живеење, спортот е она што е иднината за секое наше дете овдека во Ѓорче Петров“, рече Стојкоски.