[ФОТО] Дакота Џонсон во шик мини-фустан ги украде погледите: Вистинска инспирација за вљубениците во модата

Точка

30/09/2025

08:28

1.460

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Џонсон последниве неколку месеци ни даде навистина интересни модни изданија и го зацврсти својот атрактивен стил којшто вклучува носење „голи“ фустани.

Таа неодамна се појавила на филмскиот фестивал во Цирих во син фустан од чипка и го украла вниманието со своето модно издание.

И додека со нетрпение чекавме да видиме со какво модно издание ќе се појави, актерката овојпат во Цирих изгледала поразлично, но еднакво атрактивно од претходните пати.

Дакота Џонсон облекла мини-фустан од актуелната колекција на брендот „Ferragamo“, поточно од дизајнерот Максимилиан Дејвис и ги воодушевила присутните.

Мини-фустанот бил интересен затоа што бил широк со контрастни црни и сиви делови.

Во горниот дел имала прекрасен црн детаљ којшто дополнително оваа креација ја правел впечатлива.

Овој необичен модерен фустан, Дакота го искомбинирала со црни чизми од брендот „Saint Laurent“ кои биле до колена и имале висока потпетица.

Актерката косата ја пуштила да паѓа рамно, а покрај тоа носела и бисерни обетки.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Дакота Џонсон?