Пари Сен Жермен загуби два клучни играчи поради пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Барселона, објави „Л’Екип“. Станува збор за Португалецот Витиња и за грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија.
Според изворот, доколку медицинските прегледи потврдат повреди кај двајцата фудбалери, тие нема да можат да настапат против Барселона на 1 октомври (среда). Веројатноста за ова се смета за многу висока.
Во моментов, ПСЖ има четворица играчи повредени, Осман Дембеле, Дезире Дуе, Маркињос и Жоао Невеш. Сите тие сигурно ќе го пропуштат дуелот против каталонскиот тим.
Витиња и Кварацкелија ги заработија повредите во победата од 2-0 над Оксер во шестото коло на Лига 1. Португалецот го напушти теренот во 36. минута, додека Грузиецот беше заменет на полувремето.