Пипен: Јокиќ никогаш немаше да доминира во НБА во 90-тите

Точка

28/09/2025

10:53

871

Големина на фонт

а а а

Освојувачот на шест НБА титули со Чикаго Булс и најдобар соиграч на Мајкл Џордан, зборуваше за Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на денешницата, кој го носи дресот на Денвер Нагетс.

„Во текот на 80-тите и 90-тите години се играше пресинг по целиот терен. Дали би можел Јокиќ да игра против таков притисок? Не знам. Тој има одличен преглед на играта и ги дели топките на соиграчите. Но, не сум сигурен дека лесно би дошол во позиција да ги истакне најдобрите елементи во својата игра. Сигурно не би бил толку доминантен како сега“, рече Пипен.

Многу се промени критериумот на судење во изминативе 20 години.


„Сега кошарката е многу поофанзивна отколку тогаш. Променети се правилата за да се заштитат подобрите шутери. Сега повеќе ги нема класичните центри. И тие се одлични шутери за три поени. Многу помалку се игра позиционо, повеќе се инсистира на индивидуалниот квалитет.“

Секогаш е интересен односот на Скоти со Мајкл Џордан.

„Никогаш не сум бил близок со Џордан“, кратко рече Пипен.


На прашањето да ја состави најдобрата петорка во историјата, прочуениот број „33“ на Булс ги издвои следниве имиња:

„Меџик, Џордан, Пипен, Мелоун, Расел“.