[ВИДЕО] Италијанци останале заглавени во сообраќај поради протест за поддршка на Палестина, нивните реакции го воодушевија светот: „Ова е човештвото од кое што сакам да сум дел“

Точка

26/09/2025

16:36

647

Големина на фонт

а а а

Минатиот понеделник, Италија протестираше во знак на солидарност со народот на Палестина. Стотици илјади луѓе излегоа на улиците — од југ до север — блокирајќи патишта, пристаништа и железнички станици.

Во Рим, многу возачи останаа заглавени во сообраќајот — но наместо револт, изразија поддршка. На видеото кое го обиколи светот и ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи се гледа како граѓаните ги поздравуваат демонстрантите и се среќни што тоа се случува во нивната држава.

„Браво, многу сум среќен. Би сакал да можев да го напуштам автомобилот тука и да ви се приклучам, ви се колнам“, вели еден Италијанец на видеото, пружајќи им поддршка на демонстрантите со тоа што свирел на свирката од возилото.


„Заглавени сте во сообраќајот, што е нешто што сите го мразиме, зарем не?“, прашува снимателот на видеото една девојка, а таа вели: „Но, денеска нѝ се допаѓа, затоа што има многу важна причина за тоа“ и додала дека „ѝ е мило што тргнала по „погрешниот“ пат“.

„Гледам луѓе што ми се допаѓаат, браво“, вели друг маж на снимката.

„Ретко сум горд што сум Италијанец, ова е еден од оние моменти“, „Јас сум во солзи, ова е човештвото од кое што сакам да сум дел, ви благодарам!“, „Прекрасни луѓе“, „Секој што знае колкав е метежот во Рим и колку римјаните го мразат сообраќајот, ќе ја разбере големината на овој настан“, гласат дел од коментарите под видеото.