Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено.
Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле.
Случајот е пријавен во МВР.
„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и фудбалското игралиште во овој парк. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да го чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски .
Новата теретана се состои од 17 справи, а овие денови требаше да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.