[ВИДЕО] Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

Макфакс

26/09/2025

11:00

284

Големина на фонт

а а а

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ уште може да се забележи чадење од неколку места, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пожарот избувна синоќа, а според првичните информации е подметнат. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.

Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.

Гаснењето ќе биде  сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново

Извор: Дирекција за заштита и спасување

Posted by Makfax on Thursday, September 25, 2025


Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.
Поради насоката на струењето на воздухот, смрдеата од пожарот во оваа депонија се чувствуваше во делови од Скопје.