Вицепремиерот, Александар Николоски, изјави дека очекува автопатот Скопје-Блаце да започне со градба до почетокот на следната година.
„Тој проект се реализира со подршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде воведен во работа“, рече Николоски.
Тој додаде дека рокот за изгрaдба е три години од почетокот на активностите и тоа значи дека почетокот на 2029 година би требало да има автопат.