[ВИДЕО] Хуманоста сѐ уште постои: Херои од ЈП „Улици и патишта“ спасија мало маче кое три дена било заглавено во олук

Точка

25/09/2025

16:17

374

Големина на фонт

а а а

Некогаш кога изгледа дека надежта е изгубена, сепак постојат хумани луѓе кои може да ја вратат светлината и во најтемните денови.

Во Скопје денеска се одиграла сцена којашто ја потврдува хуманоста и солидарноста на граѓаните, но и љубовта кон најневините – животните.

Граѓаните за „Слободен печат“, велат дека едно мало маче коешто било старо околу еден месец, неколку дена било заробено во олук на куќа, препуштено само на себе и постојано напаѓано од гаврани.

По молба на вработени од редакцијата на „Слободен печат“, луѓе од ЈП „Улици и патишта“ одлучиле да го спасат малото маче.

Луѓето кои учествувале во ова хумано дело се: Дејан Ивковски – Зико, Боби Мицевски, Зоран Поповиќ, Дејан Димчески и Градимир Илиевски. Новинарката Александра Вуксановиќ – Бела одлучила да го вдоми малото животинче.


Без сомнеж за херои на денот ги прогласуваме горенаведените луѓе.

Извор: „Слободен печат“