Барселона подолго време нема да може да смета на еден од најголемите борци во екипата, срцето на тимот Пабло Мартин Паез Гавира.
Популарниот Гави се соочи со проблеми со истото колено кое претходно го оперираше и мораше да мине низ уште еден зафат по што сега ќе следи рехабилитација од четири до пет месеци.
Оваа вест никој не ја очекуваше во Барселона, а најтешко дефинитивно му падна на самиот играч кој откако доби многу пораки за поддршка за задравување се огласи на социјалните мрежи со фотографија од болничкиот кревет, фотографија на која е заедно со Араухо, Јамал и Педри.
-Оние што ме познаваат знаат дека ќе се вратам онолку пати колку што е потребно за да ја бранам Барселона и мојот тим до крај. Вистинскиот шампион не се гради во моментите на успех, туку во тие моменти на издигнување по падот. Ви благодарам на сите за охрабрувачките пораки и љубовта., -порача Гави.