Лионел Меси доби нова „десетка“ од американските експерти за најновото издание кое го имаше во МЛС лигата, откако со својата брилијантна игра го водеше Интер Мајами до победа која обезбеди место во плејофот.
Интер Мајами математички обезбеди место во разигрувањето, а причина за тоа е добрата форма и убедливата победа на гостувањето во Њујорк.
Инспиратор на новиот триумф одново беше најдголемата ѕвезда во гостинскиот тим, кој исто како пред неколку дена, запиша два гола и асистенција во победата од 0:4.
Меси најпрво асистираше во првото полувреме и му помогна на Родригез да го отвори резултатот, но во продолжение постигна и два мајсторски гола со кои го оправда МВП статусот на оваа средба.
За Лео ова беше петти гол на последните три меча во МЛС лигата, на кои исто така забележа и три асистенции.
Just another 🅰️➕⚽⚽ for Messi 😮💨
— 433 (@433) September 25, 2025
He now has 5 goals and 3 assists in his last 3 games 🥵
🎥 @MLS pic.twitter.com/WIjzlb1MdX