Шокантна стратегија на Путин: Војници заразени со смртоносни болести на први борбени линии во близина на Покровск

Точка

22/09/2025

18:06

787

Големина на фонт

а а а

Според тврдењата на украинските воени аналитичари, Русија формирала единици составени од војници заразени со ХИВ, хепатитис и други тешки болести и ги испратила во борба.

Тие војници носат специјални ленти на рацете што ги означуваат како болни, а биле видени на фронтовските линии во близина на Покровск – клучна логистичка точка во источна Украина, кој со месеци е мета на жестоки и исцрпувачки руски напади, пишува „The Telegraph“.

„Во моментов има информации дека овие единици учествуваат во борбите на најжешката точка на фронтот – во близина на Покровск“, рече Дмитро Жмаило, извршен директор на Украинскиот центар за безбедност и соработка (USCC), организација блиска до војската.


Тој додаде дека формирањето на овие единици покажува колку е длабока здравствената криза во редовите на руската армија, каде што бројот на случаи на ХИВ, хепатитис и туберкулоза брзо се зголемува. Неодамна, во една единица избувна смртоносна хеморагична треска, болест од која буквално крвават очите, па дури и руските медиуми почнаа да зборуваат за „скриена епидемија“ што ја зафаќа армијата.

Според „USCC“, „инфицираните единици“ биле формирани во рамките на 1435-тиот и 1437-миот моторизиран полк, кои припаѓале на 27-та и 15-та бригада. Пред да бидат испратени на фронтот, тие поминале обука во окупираните делови на Украина – Херсон, Запорожје и Крим.

Украинските војници сведочеле дека во Покровск наишле на непријател кој носел карактеристични ленти. Исто така, уште во 2022 година, групата на Вагнер почнала да регрутира затвореници кои страдаат од ХИВ и хепатитис, нудејќи им антивирусни лекови како форма на плата. Оние со ХИВ носеле црвени нараквици, а оние кои страдале од хепатитис носеле бели.


„Инфицираните единици се опремени слично како и другите руски воени единици. Всушност, нивното ниво на снабдување е идентично – и доста ниско“, изјави Жмаило за „The Telegraph“.

Украинската разузнавачка служба „GUR“ претходно тврдеше дека министерот за одбрана Андреј Белошов наредил хепатитисот Ц да се отстрани од листата на болести што ја спречуваат воената служба, со што илјадници заразени затвореници им се отворил патот кон фронтот.

Експертите предупредуваат дека присуството на болни војници на фронтот создава психолошки притисок и ризик од ширење на инфекции.

Пензионираниот британски полковник и експерт за хемиско оружје Хамиш де Бретон-Гордон оцени дека испраќањето вакви единици ја покажува очајната желба на Путин да го освои Покровск, град од стратешко значење.

„Путин е подготвен за сè. Испраќањето луѓе во кланица е дел од неговата стратегија, а Покровск е кланица“, вели тој. „Војните не се добиваат само на фронтот – тие се губат и во болниците, санитетските точки и преку способноста на армијата да го одржува здравјето на своите луѓе. Руската армија сега не само што губи крв, туку и способност“, истакна Бретон-Гордон.


„Ништо не е забрането“

Стапките на ХИВ меѓу руските војници во Украина нагло се зголемија – бројот на војници заразени со вирусот на крајот од 2023 година бил дваесет пати поголем отколку на почетокот на војната, според анализата на Карнеги Центарот.

Се верува дека голем број фактори довеле до оваа експлозија на болеста, вклучувајќи ја употребата на дрога од страна на војниците.

Според Дмитро Жмаило, употребата на нестерилизирани медицински инструменти од страна на руските лекари, особено повеќекратната употреба на ист шприц за анестезија, значајно придонела кон ширењето на ХИВ.


Меѓутоа експертите предупредуваат дека присуството на толкав број болни војници на фронтот претставува и директна закана за украинските сили.

„Присуството на болни Руси на фронтот може да создаде морален и психолошки притисок поради близок контакт со таквите непријатели, а исто така ја принудува украинската војска да биде дополнително внимателна и да води сметка за своето здравје и безбедност“, објасни Жмаило.