Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четири се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Гевгелија: Кожуф планина, кај село Петрово (букова шума) и во општина Македонски Брод: Планина Добра вода (ниска вегетација).
На ден 21/22.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 34 пожари на отворен простор,...
Posted by Центар за управување со кризи on Sunday, September 21, 2025
Како што информира ЦУК под конртола се четири пожари: Општина Гази Баба 1: с. Трубарево (електричен отпад); Општина Гази Баба 2: с. Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума); Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Кочани: с. Бали (депонија). Изгаснати се 28 пожари.