[ФОТО/ВИДЕО] Голем пожар изби над скопско Батинци, брзо се шири поради силниот ветер

Макфакс

20/09/2025

14:33

778

Големина на фонт

а а а

Голем пожар попладнево изби на отворен простор над скопското село Батинци.

Од пламените јазици зафатени се трева, грмушки и мешана шума.

Поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина.

„Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.



Ангелов вели дека според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.

На лице место е и директорот на ЦУК, Мухамед Али.


„Ситуацијата постојано се следи, а интервенциите продолжуваат со цел локализирање на пожарот“, истакна Али.