Има 36 години, а веќе се подготвува за смртта: Младиот пејач најави постхумен албум, си купил и гробно место...

Точка

19/09/2025

13:00

666

Големина на фонт

а а а

Пејачот на хитот „Shape of You“ којшто има 34 години, на емисијата „Apple Music 1“ изјавил дека покрај својот последен албум којшто ќе го објави додека е жив и ќе го нарече „Stop“, ќе постои уште еден постхумен албум „Eject“ којшто ќе биде објавен по неговата смрт.

„Всушност, тоа би бил „Stop“, а потоа „Eject““, објаснил Ед Ширан кога водителот претпоставил дека „Stop“ ќе биде неговиот последен проект.

„Eject“ е албумот којшто е наведен во тестаментот


„Тој е навистина дел од мојот тестамент и Чери (неговата сопруга) ќе избере песни за него. Сѐ е прецизирано – доколку утре умрам, тоа е она што би се случило“, изјавил пејачот.

Ширан додал дека тој албум ќе биде ретроспектива на неговиот живот како текстописец, а Чери ќе ги избере песните од неговата архива на необјавени нумери.

„Мојата последна желба е да се направи албум од песни кои сам сум ги напишал од својата 18 година, па натаму, кога ќе умрам, да се изберат 10 најдобри... И, тоа би било тоа“, изјавил музичарот.

Тој додал дека веројатно „ќе ѝ даде насоки“ на својата сопруга за тоа кои песни би сакал да бидат избрани, но нагласил дека не сака никој друг да има влијание на неговиот музички опус по неговата смрт.

„Не сакам луѓето на брзање да ги соберат работите и да ги објават“, изјавил тој.


Купил и гробно место

Оваа изјава доаѓа во моментот кога Ед Ширан веќе на други начини работи на својот имот после смртта.

Неодамна се пошегувал во вестите поради градење на приватна капела и гробница на имотот во Сафолк. Овој простор, чиј план бил одобрен во 2019 година по првобитно одбивање, во документите е опишан како „место за починување во облик на брод“.

Новиот албум на Ед Ширан „Play“ беше објавен на 12 септември, а фановите во 2027 година очекуваат уште еден „Rewind“.