Жена од Велика Британија пријавила дека ја силувал полицаец во Обањ, близу Марсеј. Таа раскажала дека тројца полицајци ја запреле додека пијана талкала низ улица, по што еден од нив ја нападнал на задното седиште од возилото пред барем еден колега.
Следниот ден поднела пријава, а обвинителството отвори истрага. Тројцата полицајци се уапсени: еден е обвинет за силување и останува во притвор, вториот за пропуст да спречи кривично дело е под судски надзор, а третиот има статус на сведок под надзор, пренесе „Дејли мејл“.
Случајот следи неколку месеци по друг напад – кога британска туристка во Париз тврдела дека таксист повеќепати ја силувал во автомобил, откако ја однел во Булоњската шума наместо до нејзиниот апартман. Жената успеала да побегне и со помош на минувач стигнала до полиција, по што добила лекарска помош и била хоспитализирана.