Ханси Флик по блесокот на Маркус: Рашфорд сега мора да го направи следниот чекор

Дерби

19/09/2025

10:44

275

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд одговори на довербата од Ханси Флик на најдобар можен начин, а судбината посака да се разигра на англиско тло и да постигне два гола вредни победа за Барселона.

По одличната претстава која ја имаше против Валенсија во Ла Лига, Рашфорд доби континуитет во стартната постава и се прикажа во уште подобро издание вчеравечер на „Ст. Џејмс парк“, стадион на кој ги постигна и првите два официјални гола во дресот на Барса.

При првиот погодок покажа одлична снаодливост и погоди со глава, додека вториот беше вистинско ремек-дело како од неговите најдобрите денови во Манчестер Јунајтед.

Рашфорд против Њукасл ја покажа најдобрата верзија од себе и во таква форма може да биде многу важен играч и за Барселона, по што Флик не штедеше комплименти за засилувањето кое го доби во нападот.

– Маркус постигна два убави гола. Првиот погодок со глава беше добар, но вториот уште подобар. Најважно е да стекне самодоверба во тоа што го прави. Му помагаме, не е лесно да се мине процесот на адаптација, но не сум изненаден од нивото кое го нуди. Тој е фантастичен играч и поседува извонреден талент, а притоа поседува и фантастична завршница. За еден напаѓач многу важно е да постигнува голови и да стекне самодоверба, а тој ги искористи шансите во вториот дел. Потребен ни беше играч како него и затоа го доведовме.

– Го направи првиот исчекор, но сега треба да го направи и вториот чекор напред. Постигна два голови во неговата Англија и тоа е важен чекор напред. Покажа дека се уште е стариот добар Маркус, но сега треба да направи уште еден чекор напред. Тој е несекојдневен и извонреден играч и ни носи квалитети кои ги немавме минатата сезона, – изјави Германецот по победата од 1:2.