Наполи со фотографија од Елмас го најави дербито со Сити

Дерби

18/09/2025

14:23

189

Големина на фонт

а а а

Остануваат уште шест натпревари од првото коло во Лигата на шампионите, а еден од нив е оној на „Итихад“ каде Манчестер Сити е домаќин на Наполи.

Премиерлигашот е фаворит на хартија, но наполитанците поседуваат квалитет, знаење, имаат супер тренер на клупата во името на Антонио Конте и дефинитивно ќе имаат што да понудат на пресметката закажана од 21 часот.

Наполи досега игра без грешка во сезоната и тоа е уште еден податок кој не носи до тоа да очекуваме неизвесна, борбена и драматична пресметка.

Клубот од Неапол го искористи нашиот Елиф Елмас за да го најави мечот, па останува да видиме дали можеби репрезентативецот ќе се најде и во почетната единаесетка.