Мурињо собра 105 милиони евра – и тоа како! Од денеска има нов клуб, но …

Точка

18/09/2025

19:41

521

Големина на фонт

а а а

Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо не чекаше долго за нов ангажман по отказот во Фенербахче.

Мурињо е нов тренер на фудбалерите на Бенфика, соопшти денеска клубот од Лисабон.

Како што беше објавено, Мурињо (62) потпиша договор со раководството на „орлите“ до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година.


„Посебниот“ така се врати во спортскиот колектив во кој во 2000 година за првпат работеше како самостоен тренер. Токму Бенфика беше неговиот прв клуб во кој ја започна својата тренерска кариера.

Потоа ги предводеше Леириа Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, па повторно Челзи, а подоцна и Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома и Фенербахче.

Интересно е што минатиот месец Мурињо со Фенербахче беше елиминиран токму од Бенфика во плејофот на Лигата на шампионите, по што го доби отказот од клубот од Истанбул.


Но има уште нешто уште поинтересно …

Токму тој пораз од Бенфика му донесе десет милиони евра, со оглед на тоа дека беше платен од 10 милиони евра од турскиот великан.

Незадоволни од резултатите, челниците на Фенербахче му врачија отказ на славниот Португалец, а тој не се противеше многу – бидејќи во договорот стоеше клаузула дека ако неговата работа во турскиот великан биде прекината предвреме, ќе добие дури 10 милиони евра обесштетување.


Со тоа, Жозе својата заработка само од откази ја зголеми на неверојатни 105 милиони евра.

Токму толку – сто и пет милиони – Мурињо инкасираше како „компензации“ за откази од Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома и сега Фенербахче.