Илјадници луѓе во центарот на Берлин беа принудени да ги напуштат своите домови синоќа откако во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населен дел од градот и одеше од врата до врата за да ги предупреди жителите да се евакуираат.
Локалниот весник „Тагешпигел“ објави дека пред засолништето на градското собрание во берлинскиот кварт Мите, каде што стотици луѓе се регистрирале за да преноќат, се формирале долги редици. Поради големиот број евакуирани, второ засолниште било отворено во блиското училиште кратко по полноќ.
Истиот кварт е дом и на бројни амбасади и градски владини канцеларии.
Alle Personen sind aufgefordert den Sperrkreis umgehend zu verlassen. Bitte rechnen Sie damit, dass die Sperrmaßnahmen die Nacht andauern werden. Erst nach der vollständigen Evakuierung wird unsere #Kriminaltechnik die #Weltkriegsbombe begutachten und dann entscheiden ob und wann… pic.twitter.com/oPFmv3mX8z
— Polizei Berlin (@polizeiberlin) September 18, 2025
Властите соопштија дека бомбата била откриена за време на градежни работи во близина на Фишеринсел во центарот на градот. Проверките за неексплодирани убојни средства рутински се вршат во германските градови пред големи градежни проекти.
Полицијата соопшти дека бомбата ќе биде деактивирана денеска рано наутро. Потоа нуркачите ќе се обидат да се приближат за да ја прегледаат. Таа е под четири метри вода и покриена со тиња, што ја отежнува операцијата уште повеќе.
Жителите треба да се вратат во своите домови исто така денеска наутро.
Дотогаш, целиот речен сообраќај на Шпре е запрен, бројни улици во центарот на Берлин се затворени, а линијата U2 на метрото е запрена.
Ова е една од најголемите евакуации поради неексплодирани убојни средства во Берлин во последните години, објавува „Дојче Веле“