Гордон ги „поздрави“ најголемите англиски великани по поразот од Барселона: Научивме добра лекција!

Дерби

19/09/2025

08:19

324

Големина на фонт

а а а

Антони Гордон го постигна почесниот гол за Њукасл во пресметката со Барселона и ги постави конечните 2:1, но кога сите мислеа дека домашниот тим ќе изврши силен притисок во судиското продолжение, тимот на Ханси Флик едноставно ја „сокри“ топката и со долги поседи ги неутрализираше „страчките“.

Барса повеќе од заслужено го освои „Ст. Џејмс парк“ и се враќа дома со три освоени бода, а честитки за прикажаната игра во средниот ред доби и од стрелецот на голот на Њукасл.

Гордон призна дека никогаш не играл со технички подобро поткован тим од оној на Ханси Флик, па при обраќањето не пропушти да ги „поздрави“ и најдобрите и најмоќните тимови во Англија кои се составени од најплатени играчи во Европа.

– Начинот на кој ја движеа и ја чуваа топката беше добро искуство за нас. Денес научивме добра лекција за тој дел од фудбалската игра……

– Во Англија не наидуваме на ваков стил на игра, едноставно не сум играл со подобар тим од овој вечерва. Нивната игра во средниот ред беше навистина фасцинантна, во тој поглед не сум видел подобар тим.

– Сме играле против топ тимови како Сити, Ливерпул, Арсенал и Челси, но начинот на кој Барселона ја движи топката и како играат нивните фудбалери за врска, тоа е друго ниво. Флуидните движења и лесното комбинирање е нешто на кое не можевме да најдеме одговор. Ние со нашиот агресивен пресинг им правиме големи проблеми на најголемите екипи од Англија, но тие дојдоа тука и лесно се справија со притисокот. Вршевме пресинг со голем интензитет, бевме и физички агресивни, но тие се справија без проблеми, – изјави Гордон.