Феноменот на „лажни летувања“: Зошто сè поголем број луѓе ги разубавуваат своите искуства од летните одмори?

Точка

17/09/2025

19:43

301

Големина на фонт

а а а

Според истражувањето, не е мал бројот на оние кои признаваат дека ги „разубавуваат“ приказните за своите летни одмори со мали и безопасни лаги.

Постои нешто магично во одморот. Колку и да нè нервира периодот пред заминувањето, колку и да нѝ пречат редовите на аеродромите или сообраќајните метежи на автопатиштата, секогаш се враќаме со најпрекрасни приказни. А што ако во реалноста не е баш така? Па, тогаш ние ќе се погрижиме да звучат така. Бидејќи никој не сака да признае дека климатизацијата во хотелот била расипана или дека „традиционалната таверна“ служела замрзнат помфрит.


Според анкета објавена од „TF1 Info“, 54% од Французите признаваат дека лажат за своето искуство од одмор. Тие не кажуваат големи и опасни лаги, туку тоа се оние мали, секојдневни лаги што малку ја „разубавуваат“ реалноста.

И кој не паднал во тоа искушение? Малку „почиста“ вода, малку „посовршено“ зајдисонце, малку „поживописно“ село. Инстаграм, на крајот на краиштата, многу помага во сето тоа. Со малку имагинација, сè може да се поправи. Туристите во заднина исчезнуваат, облаците се повлекуваат, а вие изгледате како да живеете во свет каде што сонцето секогаш сјае само за вас.


Овој феномен, секако, не е ограничен само на Франција, туку е глобален. Сите барем еднаш сме рекле дека „беше совршено“, иако знаеме дека работите, во најдобар случај, биле „океј“. И можеби тоа не е толку страшно. Како што рекол еден од туристите што учествувал во истражувањето: „Можеби сите разубавивме некоја мала авантура за да ја запомниме како малку послатка“.

На крајот на краиштата, можеби тоа е тајната на одморот. Не само да се доживее, туку и да се прераскаже онака како што би сакале. Меѓу другото, нашата меморија има свој алгоритам што функционира подобро од фотошоп.