Адел наводно го подготвува она што обожавателите го чекаа долго време

Точка

17/09/2025

22:00

280

Големина на фонт

а а а

Речиси две децении откако со дебитантскиот албум го освои светот, се зборува дека пејачката Адел конечно е подготвена да ја открие својата вистина во долгоочекуваната автобиографија. 37-годишната пејачка отсекогаш била позната по тоа што го чува приватниот живот далеку од очите на јавноста, пишува „Mirror“.

Иако нејзините наградувани албуми често се автобиографски и зборуваат за љубовни бродоломи, пејачката ретко им давала на обожавателите подлабок увид во својот живот. Иако за комуникација со фановите не користи социјални мрежи, кои наместо неа ги води нејзиниот тим, тоа сега би можело да се промени.


Се зборува за автобиографија

Се зборува дека Адел конечно одлучила да напише книга за својот живот и неверојатниот успех, а наводно со години била на врвот на списокот на желби на сите големи издавачи. „Секогаш велеше не“, открил извор за „The Sun“. „Конечно е подготвена и тоа ќе биде Адел со нејзини зборови, надвор од насловите. Освен што ќе го опфати нејзиниот подем до славата во музиката, ќе се допре и до нејзиното детство и личниот живот.“

Нов албум и светска турнеја?

Се чини дека автобиографијата не е единственото изненадување кое Адел го подготвува. По успешните концерти во Лас Вегас и Минхен, наводно се подготвува за враќање на музиката, а се шушка за нов албум и голема турнеја. „Таа го сака својот живот надвор од светлината на рефлекторите, но разговорите за уште една турнеја, па дури и нов албум, веќе се случуваат. Обожавателите треба да ја следат ситуацијата“, додал изворот.


Фановите се надеваат на настап на Супер Боул

Овие најави доаѓаат и покрај нејзината изјава на крајот од концертот во Лас Вегас порано оваа година, кога ѝ порача на публиката: „Нема да ве видам неверојатно долго.“ Тогаш објаснила дека ѝ е потребен одмор за да може да го „живее“ новиот живот што го градела во последните седум години.


Сепак, изгледа дека паузата би можела да ја прекине поради единствена прилика. Имено, пејачката наводно ја разгледува понудата за настап во полувремето на Супер Боул 2026 година. Адел во 2016 ја одби истата понуда, изјавувајќи дека „настанот не е за музиката“ и дека таа „не танцува“, но остави малку надеж кај фановите со зборовите: „Можеби следниот пат.“