[ФОТО] Мислевме дека е „најжешка“ во бикини: Атрактивната Албанка како божица на Модната недела во Њујорк

Точка

16/09/2025

21:45

564

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа повторно ги „украде“ сите погледи со својот гламурозен изглед на забавата „Harper’s Bazaar Icons“, одржана во рамките на Модната недела во Њујорк.

Познатата пејачка пристигнала на настанот на 15 септември во црн фустан со реси кој ја истакнал нејзината фигура и го потврди нејзиниот статус на модна икона, пишува „The Fashion Spot“.


Нејзиниот изглед веднаш предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи, а еден од нив гласи: „Дуа Липа во овој фустан? Неверојатно“.



Комбинацијата од реси и детали

Нејзиниот избор за пригодата бил елегантен црн фустан целосно покриен со реси. Фустанот без ракави имал асиметрични тенки прерамки, додека тесниот горен дел исто така бил украсен со реси. Од половината, фустанот се спуштал во долго здолниште целосно направено од црни реси, под кое можеше да се види беж боди без прерамки.


Пејачката изгледот го заокружи со класични црни салонки кои совршено се вклопија со фустанот, како и впечатливиот накит - раскошен дијамантски ѓердан во облик на змија со црвени детали, блескава нараквица и прстен.


Црната е нејзина боја

Најновите фотографии од Модната недела во Њујорк се само уште еден доказ дека пејачката беспрекорно ги носи смелите комбинации, особено оние во црна боја.


Низ годините, Дуа Липа бесна во голем број такви модни изданија, вклучувајќи ја модната комбинација од нејзината турнеја „Radical Optimism“, потоа елегантниот фустан од 39-тата церемонија за воведување во Куќата на славните на рокенролот и незаборавната креација на Шанел од Мет Гала 2025 година.