Портокалот не е најголем извор на витамин Ц: 10 други овошја и зеленчуци кои го имаат во изобилство, имунитетот ќе ви биде како карпа

Точка

17/09/2025

09:17

737

Големина на фонт

а а а

Портокалот и останатото цитрусно овошје е првото нешто на кое помислуваме кога ќе се спомне витаминот Ц.

Тие навистина се познати поради тоа што го содржат овој драгоцен витамин, но ќе ве изненади податокот дека постојат намирници кои го содржат во уште поголеми количини.

Витаминот Ц е клучен за јакнење на имунитетот, чување на здравјето на кожата, брзото зараснување на раните, како и за подобра апсорпција на железо, па важно е да го внесуваме доволно во текот на целата година, а особено во периодите кога сме склони на настинки и инфекции.

Ова е листата на вистински „шампиони“ на витаминот Ц, а наведени се намирници кои не само што се здрави туку се и лесно достапни.

Жолта пиперка

Помага во одржување на здравјето на видот, го поддржува имуниот систем и го намалува ризикот од срцеви болести.


Чили пиперчиња

Помагаат во подобрување на циркулацијата, ги намалуваат болките и го јакнат имунитетот.

Киви

Го поддржуваат здравјето на срцето, го подобруваат системот за варење и го јакнат имунитетот.

Јагоди

Помагаат во одржување на здравјето на кожата, ги намалуваат воспаленијата и го поддржуваат здравјето на срцето.


Кељ

Ја поддржува детоксикацијата, го јакне имунитетот и го подобрува здравјето на коските.

Папаја

Помага во системот за варење, го јакне имунитетот и го поддржува здравјето на кожата.

Брокули

Ја поддржуваат детоксикацијата, го подобруваат здравјето на срцето, го јакнат имуниот систем.


Црвена пиперка

Помага при чување на здравјето на кожата, го поддржува видот и го јакне имунитетот.

Прокељ

Го поддржува здравјето на срцето, ги намалува воспаленијата и ги јакне коските.

Ацерола

Екстремно богата со антиоксиданти, го јакне имуниот систем, го подобрува здравјето на кожата и помага во борбата против инфекции.